blank
T-Mobile Macedonia
ДомаЗа нас
Мојот T-Mobile
Помош и поддршкаМапа на сајтот
ShqipEnglish  
Вовед
За T-Mobile Македонија
Визија
Усогласеност
Вработување
Набавки
Медиа центар
Животна средина
Заштита на децата
Фондација
e-newsletter
Годишни извештаи
 
Вработување

Вработување во T-Mobile Македонија АД Скопје

Ако сакате да бидете дел од оваа динамична компанија, сега ја имате можноста да ни се придружите.

Доколку сакате да аплицирате за вработување во T-Mobile Македонија АД Скопје, пратете ги наведениве документи:

  • CV и придружно писмо (на македонски и на англиски јазик) каде што ќе ја назначите работната позиција за која аплицирате, односно областа во која би сакале да работите,
  • Фотокопија од дипломата/уверението за завршено образование,
  • 1 колор фотографија
на адреса
T-Mobile Македонија АД Скопје
ул.„Орце Николов” бб
1000 Скопје

односно на е-адресата
vrabotuvanje@t-mobile.com.mk

T-Mobile Македонија АД Скопје ќе направи преселекција, врз основа на пристигнатите апликации, како и интервјуирање и тестирање на преселектираните апликанти.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на T-Mobile Македонија АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.

Студентска практика во T-Mobile Македонија АД Скопје

T-Mobile Македонија АД Скопје, ја отвора можноста за извршување студентска практика во рамките на Компанијата (за студентите од IV година, за апсолвентите и за дипломираните студенти).

Доколку сакате да аплицирате за извршување студентска практика во T-Mobile Македонија АД Скопје, пратете ги наведениве документи:

  • CV и придружно писмо, со назнака „практика на студенти”,

на адреса
T-Mobile Македонија АД Скопје
ул.„Орце Николов” бб
1000 Скопје

односно на е-адресата
vrabotuvanje@t-mobile.com.mk