За приватни корисници

Aпликација за полесно бирање со Најевтин роминг

Ново! Врти од странство исто како да си дома

Отсега повикувањето на твоите пријатели од странство ќе биде многу полесно, со новата бесплатна апликација за повици преку Најевтин роаминг.

Со нејзино преземање и активирање веќе ќе можеш брзо и лесно да вртиш дома, без внесување на префиксот *123* пред бројот кој го повикуваш.

Како до апликацијата?

Следи ги едноставните чекори:


Преземање на апликацијата бесплатно

Преземи ја апликацијата бесплатно преку:

  • Визуелниот автомат, со вртење на бесплатниот број *122#. Одбери 1 за Т-Mobile менито, 6 за Промоции и потоа одбери Најевтин роаминг/апликација. Навигацијата низ Визуелниот автомат е целосно бесплатна од дома и од странство.
  • Говорниот автомат на 122, во менито Промоции и новости: Бесплатна апликација *123* роаминг повици.

Активирање на апликацијата

Активирај ја апликацијата преку SIM (Т-Mobile) менито на телефонот - во делот Најевтин роаминг, *123* одбери Активирај и рестартирај го телефонот.

Упатство за начинот на активирање на апликацијата на различни модели на телефони


Користење на апликацијата

За да остваруваш повици кон Македонија по тарифите за Најевтин роаминг, директно бирај го бројот од контакт листата (именикот) на твојот телефон исто како да си дома или пак внеси го бројот во формат 07ХХХХХХХ или 02ХХХХХХХ

Со користење на апликацијата сите повици кон Македонија се наплаќаат по тарифите за Најевтин роаминг или пак по цените за летната роаминг промоција за Најевтин роаминг, доколку ти е активирана .

 

Корисни информации:

  • Апликацијата е достапна за новите Т-Mobile SIM картички. Доколу твојата SIM картичка не ја поддржува оваа апликација, за повици со Најевтин роаминг бирај со префикс: *123*07ХХХХХХХ# или замени ја SIM картичката со нова во нашите продавници
  • За остарување повици во странство потребно е да е активна услугата Роаминг. Информации на Мојот Т-Mobile портал, во менито Мои услуги или на 122
  • За да се користи апликацијата, потребно е во земјата на престој да е достапна услугата Најевтин роаминг со операторот чија мрежа ја користиш. Доколку не можеш да оставриш повик, смени ја мрежата или деактивирај ја апликацијата.
  • Доколку не можеш да оствариш повик од странство, деактивирај ја апликацијата на истиот начин: преку SIM (Т-Моbile) менито, во делот Најевтин роаминг, *123* повици одбери Деактивирај. Потоа за повици кон Македонија со најевтин роаминг бирај со префикс *123”07ХХХХХХХ# или пак користи го стандардниот формат за бирање од странство +ХХХХХХХХХХХ
  • Со активирање на апликацијата за роаминг повици не може да остваруваат повици со Обичен роаминг (без префикс). Доколку сакаш да бираш обичен роаминг деактивирај ја апликацијата според упатството погоре.
  • За бирање странски број во роаминг во користи го сандардниот формат +ХХХ ХХХХХХХХ
  • Можно е апликацијата да не функционира на одредени типови телефони.
bottom corners