Со цел правилно да го користите вашиот мобилен телефон, потребно е да го прочитате упатството за употреба од производителот.
Вклучување во мрежа
Откако сте ја вметнале SIM-картичката (SIM-Subscriber Identity Module), вклучете го мобилниот телефон. На екранот се испишува порака за внесување на PIN-број (PIN-Personal Identification Number). Внесете го PIN-бројот и направете потврда. На екранот се испишува името на T-Mobile, со што вашиот мобилен телефон е подготвен за употреба.
Остварување повик
Повикот се прави со избирање на бројот што сакате да го повикате и потврдување со копчето, најчесто обележено со слушалка во зелена боја, ознака Yes или ознака OK. По завршениот разговор, притиснете го копчето, најчесто обележано со слушалка во црвена боја или No. Со тоа повикот е прекинат.
Прифаќање повик
Кога ѕвони вашиот мобилен телефон, повикот го прифаќате со притискање на копчето, најчесто обележано со слушалка во зелена боја или Yes.
Која е постапката за деблокирање на SIM картичката?
SIM картичката се блокира ако при најавувањето, трипати се внесе погрешен PIN-број. Ако тоа ви се случи, потребно е да се јавите во Контакт центарот на телефон 070 122, каде што по идентификувањето со Лозинка (Password), ќе го добиете бројот за деблокирање - PUK (PUK - PIN Unblocking Key) и упатство на кој начин да го употребите.
Како дополнително да вклучите/исклучите услуга?
Ако сакате да добиете нова услуга или да исклучите некоја за која сметате дека веќе не ви е потребна, тоа можете да го направите во некоја од продавниците на T-Mobile или со праќање изјава што ги содржи следниве податоци: вашиот телефонски број, име и презиме, матичен број и вашата лозинка. Ако договорот е склучен од страна на правно лице, потребно е на изјавата, покрај горенаведените податоци да стои и печатот на правното лице.
Како да добиете информација за сметка?
Ако сакате да добиете информации за вашата сметка, потребно е да се јавите во Контакт центарот на 070 122, каде што по идентификувањето со лозинка, ќе ја добиете бараната информација. Ако сакате да ја дознаете моментната состојба на сметката, можете да пратите SMS на бројот 070 142 566 со текст: SMETKA, да завртите на 1235 или, пак, да се јавите во Контакт центарот.
Како да постапите во случај на губење на телефонот?
Ако ви се случи мобилниот телефон да ви биде украден или да го загубите, треба да пратите писмена изјава во која ќе бидат наведени следниве податоци: вашиот телефонски број, име и презиме, матичен број и вашата лозинка. Во случај на загубен телефон што гласи на приватно лице, корисникот се јавува во Контакт центарот и по идентификацијата, операторот извршува блокирање на картичката. Корисникот е должен во времетраење од 15 дена да изврши промена со нова SIM-картичка, во спротивно картичката ја прекинува својата активност. Ако договорот е склучен од страна на правно лице, потребно е на изјавата, покрај горенаведените податоци, да стои и печатот на правното лице. Врз основа на добиената изјава, нашиот Сектор за кориснички услуги ќе го исклучи вашиот телефон од употреба со вклучување забрана за дојдовни и појдовни повици. Во ваков случај месечната претплата тече непрекинато.
Како да ја ставите вашата SIM-картичка во мирување?
Ако од определени причини, сакате привремено да го прекинете користењето на вашиот мобилен телефон, тоа можете да го направите лично, во продавниците на T-Mobile, каде што сте го склучиле договорот. Мирувањето може да биде во траење од најмногу шест месеци. Во текот на мирувањето не се наплаќа надомест за месечна претплата.
Како да постапите ако Вашиот телефон е исклучен поради неплатени сметки?
T-Mobile на сите корисници им доставува месечна сметка. Информација за неа или копија од сметката можете да добиете на телефон 070 122 (Контакт центар). Ако не сте забележале дека имате заостаната неподмирена сметка, најверојатно, ќе ви се случи вашиот мобилен телефон да биде исклучен. Во таков случај е потребно да го подмирите заостанатиот долг и доказот за тоа да го пратите на факс (0800 12333), по што ќе следува вклучување на телефонот. За повторно вклучување се наплаќа надомест според ценовникот на T-Mobile.
Како најбрзо ќе добиете подетални информации за сe што би сакале да дознаете?
Секоја информација ќе ја добиете со јавување на телефонскиот број 070 122. Тоа е бројот на Контакт центарот, кој е достапен 24 часа. Истите информации можете да ги добиете ако посетите некоја од продавниците на T-Mobile.
Кој е бројот на SMS сервисниот центар (за праќање SMS)?
Пред да ја пратите или да ја примите првата порака, потребно е да го внесете бројот на SMS сервисниот центар во вашиот телефон. Бројот на SMS сервисниот центар е: +389 70 000 501. Како и каде треба да се внесе овој број може да прочитате во упатството од производителот на телефонскиот апарат што го имате.
Дали можете да праќате и да примате SMS кога сте во стрaнство?
Да, можете да примате и да праќате SMS дури и кога сте во странство. Сe што е потребно е да се поврзете со мрежата на странскиот мобилен оператор и да почнете да примате и да праќате SMS.
Како да постапите во случај кога се наоѓате во РМ, а притоа на дисплејот на вашиот мобилен телефон се појавува мрежа на некој странски оператор?
Во овој случај е потребно мрежата на T-Mobile да ја изберете мануелно/рачно. Во менито на вашиот мобилен телефон пронајдете Мрежа (Network), а потоа во подменито Избор на мрежа (или Network selection). Овде е потребно да се селектира “Manual/Рачно”. Откако на дисплејот ќе ви се појават понудените мрежи, треба да ја изберете мрежата T-Mobile MK.
Како се наплатуваат разговорите кога сте најавени на странски мобилен оператор во рамките на покривањето на мрежата на T-Mobile?
Иако се наоѓате во рамките на покривање на мрежата на T-Mobile вие ја користите услугата на друг оператор. Тарифирањето на дојдовните и на појдовните повици е исто како кога ги употребувате услугите на T-Mobile во странство (според ценовникот дефиниран од T-Mobile).
|