За приватни корисници

Дополни кредит од постпејд на припејд!

Наједноставен начин да дополниш припејд кредит

Услуга „Дополни кредит од постпејд на припејд”, овозможува наједноставен начин на дополнување припејд кредит од постпејд сметка. Можеш да дополниш кредит во износ по твој избор: 100 ден, 150 ден., 200 ден., 250 ден., 300 ден., 590 ден., 900 ден. или 2000 ден. За да ја испробаш услугата, направи го првото префрлување кредит од 100 денари бесплатно!

Т-Mobile ти овозможува повеќе начини да надополниш кредит на припејд број. Одбери го начинот што најмногу ти одговара, заштеди време и израдувај ги оние што ти значат

Дополни преку 122 или Мојот T-Mobile

Доволно е да се јавиш на бесплатниот број 122 и да ги следиш инструкциите на говорниот автомат или да се најавиш на Мојот Т-Mobile и во менито Дополнување кредит од постпејд на припејд, внеси го припејд бројот и типот на ваучерот за да го дополниш кредитот на саканиот број. Потоа преку SMS порака ќе бидеш известен за извршеното префлање кредит од твојата постпејд сметка на припејд сметката на избраниот број. Надополнетиот припејд кредит ќе биде наплатен на твојата постпејд месечна сметка.

Дополни кредит преку Интернет

Веќе нема потреба да ја напушташ удобноста на домот за да надополниш кредит. Сега можеш да дополниш кредит и преку е-бизнис порталот со платежна картичка.

Повеќе информации околу постапката за е-дополнување ќе пронајдеш на http://www.t-mobile.mk/e-biznis, и потоа да го извршиш дополнувањето.

Дополни припејд сметка преку банкомат

Отсега, можеш електронски да ја дополниш својата или која било припејд сметка и преку банкомат. Појдеи со својата платежна картичка до еден од банкоматите на Стопанска банка или НЛБ Тутунска банка и следи ги инструкциите на екранот:

  • Избери го менито за дополнителни услуги,
  • Избери ваучер за мобилен,
  • Избери го износот што сакате да го надополните,
  • Внесеи го телефонскиот број и дополнете припејд сметка.

Во кое било продажно место на Т-Mobile можеш да побараш издавање сметка за извршеното надополнување. Погледни ги детално сите чекори потребни за дополнување кредит!

 

Искористи го времето за многу поубави работи, подари кредит и слушни ги најблиските кога ќе посакаш!

Активирај ја услугата на 122 или преку Мојот Т-Mobile!

bottom corners