За деловни корисници

Fleet Management

Целосна контрола врз возниот парк

  • Намалена потрошувачка на гориво
  • Намалени трошоци за одржување
  • Зголемена оптимизација на компанискиот возен парк
  • Намален број на неовластени возења
  • Зголемена оптимизација на работната сила

Што е Fleet Management?
Ако управувате со компанија што се занимава со шпедиција, имате службени возила за вработени, или пак возила за транспорт на најразлични видови материјали, тогаш имате потреба и од правилно менаџирање на трошоците од возниот парк.

Затоа T-Mobile ви го претставува најновото технолошко решение кое драстично ќе ви помогне во вашето работење.
Fleet Management решението e систем од уреди, кои со помош на GPS сателитскиот систем и GSM мрежата, овозможуваат прецизно лоцирање, следење, управување и контрола над компанискиот возен парк.

Како функционира?
Сите возила, во Fleet Management, се опремени со вградени уреди коишто го следат возилото (позицијата и неговите параметри) и праќаат податоци до Fleet Management Серверот преку GPRS мрежата. Серверот врши анализа на добиените податоци и овозможува нивни приказ на дигитална мапа или преку различен тип извештаи. Пристапот до податоците и Fleet Management апликацијата е многу едноставен, преку веб и корисникот може да се служи со нив преку обичен компјутер кој има интернет конекција.

Fleet Management го подобрува квалитетот на работата на вашата компанија, ја зголемува ефикасноста и сето тоа резултира со намалување на трошоците, благодарение на напредната технологија, како што се GPS (Global Positioning Systems), мобилната комуникациска мрежа и дигиталните мапи, интегрирани заедно во едно решение.

Составни делови и инсталирање на опремата
Fleet Management системот се состои од хардверски дел кој се инсталира внатре во возилата и софтверска апликација на која се пристапува преку интернет.
T-Mobile Ви нуди комплетна услуга, вклучувајќи инсталација на опремата во возилата со гаранција и сервисна поддршка, едукација на корисниците на системот, поддршка за корисниците како и одржување на системот.

Fleet Management сервисот е овозможен со помош на GSM/GPRS мрежата на T-Mobile. T-Mobile има повеќе од 99,9% покриеност во населените места и повеќе од 98,5% покриеност на целокупната територијата на Република Македонија.
Затоа, не грижете се, вашите возила ќе ви бидат на достап насекаде низ државата, во секое време. Најдобрата мобилна мрежа во Македонија го гарантира тоа.

Дополнителни бенефиции

  • Подобрување на сигурноста на вработените
  • Поквалитетно одлучување
  • Поквалитетно извршување на работните задачи
  • Подобрен компаниски имиџ

Со воведување на Fleet Management компаниите имаат целосна оптимизација, намалување на трошоците и контрола над возниот парк.
Вложувањето во поефикасни начини на работење е секогаш исплатлива инвестиција. Донесете го вистинското решение.

Како до Fleet Management?
Fleet Management решението може да се користи само со активирање на еден од трите Fleet Management тарифни модели кои вклучувааат месечна претплата за користење на решението и еднократна цена за набавка на хардверските уреди. Во рамките на месечната претплата е вклучен и 100 MB интернет сообраќај (во мрежата на T-Mobile) и корисничка поддршка.

Тарифниот модел Fleet Management 2 е достапен само во Доверба 24.
Тарифниот модел Fleet Management 3 е достапен само во Доверба 36.

Линк за постоечки корисници: http://fleet.t-mobile.mk

Тарифни модели

Тарифен модел Флит менаџмент 1 Флит менаџмент 2 Флит менаџмент 3
Месечна претплата
(основен пакет функционалности)
1 200 ден. 2 200 ден. 1 700 ден.
Доплата за дополнителен пакет функционалности 200 ден. 200 ден. 700 ден.
Вклучен GPRS сообраќај во месечната претплата 100 MB 100 MB 100 MB
Стандарден тип хардверска опрема
(основен пакет)
21 200 ден. 1 ден. 1 ден.
Посебен тип хардверска опрема
(дополнителен пакет)
34 000 ден. 12 800 ден. 1 ден.
Иницијална инсталација на хардверските уреди бесплатно
Повици кон сите национални мрежи 5,3 ден.
Повици кон Мојата компанија
(нормална/евтина)
2 ден./1 ден.
SMS 5 ден.
Цена за воспоставување повик 2 ден.
Тарифен модел Флит менаџмент 1 Флит менаџмент 2 Флит менаџмент 3
Месечна претплата
(основен пакет функционалности)
1 416 ден. 2 596 ден. 2 006 ден.
Доплата за дополнителен пакет функционалности 236 ден. 236 ден. 826 ден.
Вклучен GPRS сообраќај во месечната претплата 100 MB 100 MB 100 MB
Стандарден тип хардверска опрема
(основен пакет)
25 016 ден. 1 ден. 1 ден.
Посебен тип хардверска опрема
(дополнителен пакет)
40 120 ден. 15 104 ден. 1 ден.
Иницијална инсталација на хардверските уреди бесплатно
Повици кон сите национални мрежи 6,3 ден.
Повици кон Мојата компанија
(нормална/евтина)
2,4 ден./1,2 ден.
SMS 5,9 ден.
Цена за воспоставување повик 2,4 ден.
  • Месечната претплата се пресметува пропорционално на бројот на деновите во кои е активен тарифниот модел;
  • Вклучениот GPRS сообраќај се користи само за комуникација меѓу уредите и апликацијата;
  • Интервалот за тарифирање за GPRS интернет е 10 KB;
  • Евтина тарифа трае сабота и недела цел ден, како и за националните празници;
  • Доплатата за дополнителен пакет функционалности (далечинска дијагностика и управување со трошоците е задолжителна при избор на посебниот тип на хардверска опрема);
  • Интернет (над вклучениот во месечната претплата) е 5 ден./1 MB (5,9 ден./1 MB);
  • Интервалот на тарифирање за повици е секунда од почетокот на разговорот.
bottom corners