За приватни корисници

Фондација T-Mobile за Македонија

Хуманост како мотив и цел

Како успешна компанија, T-Mobile ја препознава својата улога на социјалнa одговорност, а најдобар пример за тоа е Фондацијата T-Mobile за Македонија.

Фондацијата T-Mobile за Македонија е непрофитна организација, основана од T-Mobile во јуни 2002 година, со цел да генерира донации и да ги пренасочува онаму каде што е најпотребно, за помош на физички лица или за реализација на проекти од општествен интерес. За време на своето 6-годишно работење, Фондацијата ја зацврсти својата позиција на активен член во македонското општество, преку константен придонес во различните сегменти на општественото живеење: здравството, едукацијата, грижата за човековата околина, спортот, со фокус на децата и хуманоста.

Нашата визија е создавање поубава и посреќна средина со изразени вистински вредности на живеење и свест за заемно помагање, средина во која сите ќе можеме да го оствариме сопствениот потенцијал во прилог на заедничката добробит.

Воедно се залагаме за доближување на невладиниот и деловниот сектор, како и за помасовно и поактивно инволвирање на деловниот сектор во поддршката на нашето општество во различни сфери од неговиот развој.

Во име на поврзувањето на технологијата и хуманоста, со поддршка на T-Mobile, Фондацијата работи и со константно активни броеви за донација, кои сесрдно се поддржани од македонските медиуми и прифатени од страна на хуманите корисници на T-Mobile Македонија.
Нашиот слоган е ХУМАНОСТА КАКО МОТИВ И ЦЕЛ.

Фондација T-Mobile за Македонија