Уникатна и ефективна SMS комуникација
Бидете во контакт со своите потрошувачи, секаде и во секое време! Промовирајте ги вашите производи преку SMS маркетинг и допрете до потрошувачите веднаш.
Праќањето рекламни пораки на мобилниот телефон на потрошувачите е најефективен метод на директниот маркетинг. Потенцијалот на SMS маркетингот полека почнува да се реализира, а вие можете да бидете чекор понапред од конкуренцијата со Инстант инфо услугата на T-Mobile!
Нашата уникатна услуга ви овозможува да воспоставите директна комуникација со вашите постојни и потенцијални потрошувачи. Ние ви обезбедуваме знаење за потребите и желбите на потрошувачите, вашите рекламни пораки за да стигнат до оние кои имаат интерес токму за вашите производи. Со тоа вашата реклама е внимателно таргетирана и реално е да се очекува голем одзив. Комуницирајте со своите клиенти на персонализиран начин, давајќи им чувство на индивидуален третман преку SMS пораки пратени директно на нивниот мобилен или преку некој од останатите канали IDIVIDI маркетинг, Списание Твој Клуб, МПМ@ТВ на MaxTV, WEB.MaxTV.mk во живо
Со Инстант инфо услугата можете да праќате рекламни пораки за вашите специјални понуди и производи до група на потрошувачи кои веќе изразиле интерес за категоријата во која спаѓаат вашите производи. Корисниците на T-Mobile кои се регистирани за добивање Инстант инфо рекламни пораки ги одредуваат и своите интереси за што би сакале да бидат информирани, на пример: спорт, мода, автомобили, храна, ноќен живот итн. Ова знаење за нивните специфични интереси може да ја зголеми успешноста на која било ваша SMS маркетинг кампања, праќајќи рекламни пораки до потрошувачи кои најверојатно ќе преземат акција по примената порака!
Детално за Инстант инфо и други рекламни канали [.PDF]