За приватни корисници

MMS

Сподели ги незаборавните мигови од твојот живот

MMS aлбум е место каде што ги чуваме нашите омилени фотографии. Денес, кога техниката и технологијата се толку напреднати, класичните албуми и фотографии постепено, но сигурно се исфрлаат од употреба.

Веќе речиси сите располагаме со мобилни телефони коишто имаат можност за снимање фотографии. Токму овие и вакви овие дигитални фотографии, можете да ги чувате во вашиот дигитален албум, на вашата веб страница www.mmsalbum.t-mobile.com.mk. Фотографиите автоматски ќе бидат сочувани во вашиот приватен албум, од каде што доколку сакате, можете да ги споделите со останатите посетители на веб страницата www.mmsalbum.t-mobile.com.mk, или да им ги пратите на вашите пријатели преку MMS порака. Самите можете да си го организирате вашиот приватен простор, да креирате дигитални албуми од различни поводи и категории.


За користење на сервисот потребно е T-Mobile MK корисниците да се регистрираат преку веб порталот www.mmsalbum.t-mobile.com.mk и да поседуваат телефон кој поддржува MMS пораки. Сервисот можат да го користат како можност за складирање на своите MMS пораки или фотографии и оние T-Mobile MK корисници кои не се регистрирани. Значи, доколку имате фотографија, а немате повеќе меморија на вашиот телефон, пратите ја на телефонскиот број 070 142 800.


И кога не сте регистрирани и немате свој MMS Блог, фотографијата ќе ви биде зачувана во период од 1 месец, до кога треба да се регистрирате за користење на услугата. Откога ќе се регистрирате сите претходно пратени фотографии што не се постари од 1 месец ќе можете да ги гледате и да ги организирате преку веб страницата www.mmsalbum.t-mobile.com.mk . Преку веб страницата можете да пратите MMS порака до друг корисник на сервисот или до кој било друг корисник на услугата. MMS Блогинг е ваше место за забава, за дружење, за складирање фотографии и место од каде што ќе можете да праќате, препраќате фотографии до други T-Mobile MK корисници. Сега вашите MMS албуми можете да ги споделите и со другите.

bottom corners

Интернет и MMS

bottom corners

Кориснички услуги

  • Јавете се во контакт центарот на 070 122
  • Посетете некоја од нашите продавници или
  • испратете ел. пошта на
    kontakt@t-mobile.mk
bottom corners