Колку пати сте се нашле во ситуација да посакате сите ваши дневни задолженија да можете да ги извршите наеднаш и од едно место?
Што доколку сега тоа е возможно?
За прв пат кај нас, T-Mobile и Македонски Телеком, воведуваат систем за електронско плаќање на месечните сметки за телефон, интернет и телевизија, преку интернет, и преку најраспространетата мрежа на банкомати во државата, во соработка со Стопанска Банка.
Сега постои полесен и побрз начин како да ги платите вашите постпејд сметки од T-Mobile и Македонски Телеком. Сè што ви треба се интернет пристап и платежна картичка!
Посетете го е-бизнис порталот на Т-Mobile (http://www.t-mobile.mk/e-biznis),порталот Мојот Т-Mobile (https://my.t-mobile.mk) или порталот на T-Home (https://moj.telekom.mk) и следете ги четирите едноставни чекори за безбедно online плаќање на вашите сметки:
- Внесете/Изберете го бројот на фактурата која сакате да ја платите
- Внесете ги податоците за платежната картичка
- Потврдете го плаќањето
- Почекајте го известувањето за успешноста на извршеното плаќање.
Повеќе информации околу постапката за плаќање преку интернет и типот на платежните картички со кои може да се изврши плаќањето ќе пронајдете на http://www.t-mobile.mk/e-biznis и на https://my.t-mobile.mk.
Плаќањето сметка преку банкомат се врши во неколку лесни чекори. Појдете со својата платежна картичка до еден од банкоматите на Стопанска банка и следете ги инструкциите на екранот
- Изберете го менито за дополнителни услуги,
- Изберете Плаќање на сметки,
- Изберете Телефон, Интернет, ТВ,
- Изберете ја компанијата чија сметка сакате да ја платите,
- Внесете го бројот на фактурата и плаќањето е извршено.
Трансакциите направени надвор од работното време на платниот промет се релизираат следниот работен ден во Банката, а во компанијата кон која плаќате, најрано 1 работен ден подоцна.
Плаќањето сметки преку интернет и банкомат е овозможено само за постпејд сметките на приватните корисници на T-Mobile и Македонски Телеком.
Покрај електронскиот начин на плаќање преку интернет, сметката можете да ја платите:
- во готово или со платежна картичка од брендовите DINERS , VISA и MasterCard во салоните на Т-Mobile,
- во било која експозитура на Стопанска банка, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, ПроКредит банка АД Скопје, Уни банка АД Скопје и Халкбанк АД Скопје без наплата на провизија
- преку електронско банкарство,
- во сите експозитури на Македонска пошта.
- Сопствениците на тековна сметка и дебитна картичка во Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, ПроКредит банка АД Скопје, Уни банка АД Скопје и Халкбанк АД Скопје сметката можат да ја платат и преку траен налог.
T-Mobile исто така ви нуди можност и за плаќање на повеќе рати.