За приватни корисници

Политика за животна средина

Како водечки оператор во областа на мобилните телекомуникациски услуги во Македонија, Т-Mobile Македонија АД ја превзема одговорноста и се обврзува да го почитува законот за животна средина и другата регулатива поврзана со животната средина, заштита од загадување, и да се залага за постојано подобрување на влијанието на компанијата врз животната средина.

Во согласност со тоа, Т-Mobile Македонија АД го смета за најважнo извршувањето на своето  работење со свесност за влијаниетето врз животната средина и затоа ќе се труди ваквиот став да го примени во целост во сите свои операции, грижејки се да ги изведува своите активности на национално ниво како „Одговорен Граѓанин“.

Нашата политика за животна средина јасно ги наведува нашите минимум барања:

Имаме социјална одговорност да ја заштитиме животната средина, и нашите размислувања и делувања се насочени кон одржливо опшетство, во интерес на идните генерации.
Придаваме најголема важноста на заштитата на животната средина. Затоа, раководството на T-Mобиле Mакедонија е директно одоговoрно за дефинирање и имплементирање на политиката за заштита на животната средина на компанијата.

Користиме модерен систем за управување со животната средина, со цел да обезбедиме ефективна примена на нашата политика за заштита на животната средина.
Користиме антиципативен пристап при заштитата на животната средина. Правните норми ги сметаме за минимум барања, кои често ги надминуваме во голема мера.
Постојано работиме за да ја подобриме заштитата на животната средина во националните и меѓународнигрупациски единици. Нашата политика за набавки е насочена кон почитување на целите за заштита не животната средина. Овие цели исто така влијаат и на нашето однесување кон договорните страни.
Се трудиме да изнајдеме решенија за производи и услуги кои ја чуваат енергијата и природните ресурси.
Активно ги вклучуваме нашите вработени во мерките за заштита на животната средина.
Ја информираме јавноста и акционерите и промовираме конструктивен дијалог.

Сите вработени се свесни за оваа политика.
Политиката за животна средина на Т-Mobile Македонија АД е објавена на web страницата на Т-Mobile Македонија АД и е достапна до сите вработени на Т-Mobile Македонија, неговите претплатници и јавноста.