Замислете си дека вашата компанија има сопствена мобилна мрежа, во која сите ваши вработени, соработници и партнери можат да разговараат по поволни цени. Замислете да можете да ги менаџирате трошоците за мобилни телефони на сите ваши вработени, со само еден клик.
Замислете си колку пари, време и труд би ви заштедил еден ваков систем? Со новата услуга Mobile VPN на Т-Mobile, сега сите овие поволности ви се достапни и вам!
Запознај се со Mobile VPN:
Ви ја претставуваме Mobile VPN (Мобилната виртуелна приватна мрежа) - револуционерна бизнис алатка за комуникација.
Функционалност:
Mobile VPN претставува еден вид на ваша сопствена мобилна мрежа, која вие како директор или сопственик на компанијата имате слобода да ја прилагодувате на вашите специфични комуникациски потреби. Со Mobile VPN можете да ја креирате, проширувате или намалувате вашата Компаниска мрежа, да додавате соработници во Проширената компаниска мрежа или пак во вашата Партнерска мрежа и да разговарате по поволни цени, да користите Кратки повикувачки броеви, да им определите месечен лимит на вработените, да дефинирате Црна и Бела листа на броеви, да направите поделба на сметката за приватните и деловните разговори, да креирате сопствен Виртуелен контакт центар и многу повеќе. Притоа промени можете да правите секој миг, удобно и лесно од вашата канцеларија преку безбеден интернет портал.
Едноставно, овој систем ви овозможува да бидете многу поефективни во комуникацијата во и надвор од вашата фирма, трошејќи многу помалку ресурси, избегнувајќи непотребно големи сметки и заштедувајќи време.
Управувањето со трошоците за мобилна комуникација на вашата компанија е многу поедноставно со Mobile VPN. Деталниот преглед и контрола на мобилните сметки на секој вработен, се една од главните предности кои ќе ги добиете со едноставното воведување на овој систем, без никакви трошоци за инсталација и купување дополнителна опрема.
Карактеристиките на Mobile VPN, опциите за контрола на трошоци со кои располага како и неговите кориснички алатки можете да ги дознаете кликајќи на едно од јазичињата погоре во текстот.