Потребни документи за новите постпејд корисници
За физичко лице:
За вработени:
- М1/М2 образец или Потврда за вработување не постара од 30 дена.
- еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
За пензионери:
- пензиски чек од претходниот месец на износ еднаков или поголем од 5 000 денари; и
- еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
За правно лице:
- извод за тековната состојба на правниот субјект издаден од Централниот регистар на РМ, не постар од 6 месеци;
- даночна картичка;
- потписен картон за жиро-сметката на правното лице издаден од овластено лице во банката депонент; и
- доказ за својата платежна способност издадена од банката депонент (Извештај за солвентност издаден од банката или извод од сметката за последниот месец. По потреба, Т-Mobile МК има право да побара и бонитет односно извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех потврдени од Централниот регистар).
Потребни документи за правни лица кои немаат активна жиро сметка:
- Барање, потпишано од овластен потписник на правното лице или од вработен ополномоштен со специјално писмено полномошно за таа намена издадено од правното лице;
- Судска регистрација (обрасци бр. 1, 2 и 6 од судската регистрација);
- Даночна карта;
- *Уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките.
Потребни документи за невработени лица:
- Барање потпишано од претплатникот;
- Два документа за лична идентификација;
- *Уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките.
Потребни документи за склучување нов постпејд договор за странски државјани кои престојуваат во Македонија:
- Барање потпишано лично од страна на претплатникот;
- Пасош;
- Дозвола за престој во Република Македонија;
- Дозвола за работа;
- Потврда за заснован работен однос издадена од страна на организацијата / компанијата на меморандум;
- *Уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките.
*Заедно со потпишувањето на стандардниот претплатнички договор, се потпишува и анекс кон претплатничкиот договор за уплата на парични средства како гаранција (депозитот) за навремено плаќање на месечните фактури.
Правните лица се обврзани да потпишат претплатнички договор за секоја активна линија и исто така ќе мора да го потпишат овој анекс за секоја активна линија. Плаќањето на гаранцијата (депозитот) се врши во продавниците на T-Mobile.
Износот на уплатените средства е во зависност од потребите, во денарска противвредност според среден курс на НБМ:
- 500 евра за користење роаминг и меѓународни повици;
- 200 евра доколку не се користи роаминг и меѓународни повици.